Гроси: Нуклеарната централа во Запорожје се уште е во опасност

Од:

Нуклеарната централа во Запорожје се уште е во опасна ситуација, изјави шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.

Гроси за Би-Би-Си изјави дека се обидува да преговара за безбедна зона околу централата, но нагласи дека ризикот останува.

– Ние сме под огромна опасност. Постои нешто што можеме да направиме во врска со тоа. Тоа би бил голем чекор напред бидејќи е потребно високо ниво на политичка посветеност за да не се напаѓа електраната, рече Гроси, додавајќи дека е многу важно електраната да не се користи како „платформа за војската“.

Гроси неодамна најави план за постојано присуство на МААЕ во сите украински нуклеарни централи.

Шефот на МААЕ вчера во Киев се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Му потврдив на претседателот Зеленски воспоставување на наши мисии за поддршка и помош во сите нуклеарни централи на Украина. Исто така, ги продолживме нашите дискусии за безбедносна и сигурна заштитна зона за Запорожје. Работата продолжува. Зоната е од суштинско значење за да се спречи нуклеарна несреќа, напиша Гроси на Твитер по средбата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина

Во руски воздушен напад на Запорожје, ранети најмалку 16 цивили

Горан Наумовски

Гроси: Постои опасност за нуклеарен инцидент

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пожар во нуклеарната централа Запорожје

Горан Наумовски

По гранатирањето на „Запорожје“, многу региони во Украина се без струја и интернет