Судар на два воза во Австрија, избувна и пожар

Од:

Рано изутринава во Австрија се случи железничка несреќа, откако се судрија два товарни воза.

Несреќата се случила утрово во 4 часот и 23 минути во реонот на станицата Фурниц, кај Вилах.

Еден од товарните возови влечел цистерна натоварена со лесно запалив керозин, што предизвикало пожар на неколку вагони, кој е под контрола на пожарникарите.

Од еден вагон истекоа 64.000 литри керозин, па експертите се на терен да преземат соодветни мерки.

И двајцата машиновозачи се спасени и со полесни повреди се пренесени во болница, јавуваат австриските медиуми.

Локалните и меѓуградските возови ќе бидат пренасочени, а постојките Фирниц и Нојхаус/Гајл нема да сообраќаат.

Би можело да ве интересира

Две тела се пронајдени во сауна, полицијата се сомнева на труење

Авион кој полетал од Бања Лука се урна во Австрија

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он