Најмалку 145 патници се водат како исчезнати и се стравува дека се мртви откако моторен чамец натоварен со стоки и животни потона во текот на ноќта во северозападниот дел на Конго, соопштија денеска властите.
Локалните власти соопштија дека околу 55 лица ја преживеале несреќата.
Чамецот пловел кон соседната Република Конго по реката Лулонга кога во вторникот, доцна вечерта,се превртел во близина на градот Басанкусу.
Претседателот на граѓанските здруженија во областа изјави дека најмалку 145 лица се водат за исчезнати и дека преоптоварувањето на бродот е причина за несреќата.
Во оддалечените делови на Конго, несреќите од овој тип се вообичаени бидејќи патувањето по копно понекогаш е невозможно.
Извор: МИА