Обид за убиство поради расправија во сообраќај

Од:

39-годишен скопјанец е приведен вчера поради сомнение дека се обидел да убие сограѓанин поради недоразбирање во сообраќајот, информира Министерството за внатрешни работи.

– На 18.01.2023 во 17.10 часот на подрачјето на Кисела Вода од полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни деликти бил лишен од слобода К.Д.(39) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. Тој на 15.01.2023 во 02.26 часот, на ул.„Козле“, поради недоразбирање во сообраќајот, со остар предмет му нанел повреди на М.М.(54) од Скопје. К.Д. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, се наведува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Пумпа за бетон уби работник од Албанија кај Требеништа

Измамена старица: лажен доктор и зел 150 илјади денари, ја убедил дека ќерка ѝ е повредена

Трагедија на патот Кочани- Виница: загина 48-годишник

Скандал во Чегране: полицајци манипулирале со документација

Катерина Ѓуровски

Бизарен случај во кочанско: ја излажале дека и е направена магија, и зеле накит и пари

Починат скопјанец пронајден пред поликлиниката Ченто