Основачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, објави дека зазеле село во близина на Бахмут, кое го опсадувале со месеци, но призна дека градот нема толку брзо да падне, притоа јасно фалејќи ја организацијата на украинскиот отпор. Во аудио порака објавена на неговата страница, Пригожин рече „Можеме со сигурност да кажеме дека населбата Клишчивка, едно од поголемите предградија на Бахмут, е целосно под контрола на единиците на Вагнер“.
Киишчивка, која пред војната имала околу 400 жители, се наоѓа на девет километри од центарот на Бахмут, кој Вагнер со месеци се обидува да го освои. Пригожин, сепак, призна дека Вагнер нема да може толку брзо да ги победи украинските сили.
„Спротивно на различните проценки дека украинските вооружени сили бегаат од Артемовск (што е руско име за градот Бахмут), тоа не е точно“, напиша тој. „Украинските сили работат ефикасно, хармонично. Треба да научиме многу од нив“, најави тој. „Но, во секој случај, војниците на Вагнер напредуваат, метар по метар“, тврди тој.