Шефот на Европскиот совет, Шарл Мишел, најави дека е „на пат за Киев“ каде ќе разговара за новите мерки за поддршка на Украина со претседателот Володимир Зеленски, кој побара побрза испорака на оружје.
Двајцата лидери ќе разговараат за „конкретни мерки (…) за да се направи Украина посилна“, рече Шарл Мишел во пораката на Твитер.
НАТО му вети на Киев „посилна поддршка со испорака на тешко и помодерно оружје“ за да можат украинските војници да се спротивстават на руските офанзиви.
On my way to #Kyiv.
Ukrainians are fighting for their land, for the future of their children.
But they are also fighting for our common European values of peace and prosperity.They need and deserve our support. pic.twitter.com/ewLY4E9udX
— Charles Michel (@CharlesMichel) January 19, 2023
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го повтори својот повик до сојузниците да испратат борбени тенкови и побара да се зголеми „брзината на донесување одлуки“ во врска со таквите испораки.