Апсење во Италија во врска со корупцискиот скандал во Европскиот парламент

Од:

Даночниот консултант на поранешниот европратеник Пјер Антонио Панцери, кој е во центарот на корупцискиот скандал во Европскиот парламент, е уапсен во Италија, изјави извор запознаен со случајот.

Моника Росана Белини, која работеше за претставникот на левиот центар Панцери, беше уапсена на барање на белгиските власти, кои издадоа европска потерница. Таа беше обвинета за злосторничко здружување, корупција и перење пари.

Панцери, кој беше уапсен во Брисел во декември и обвинет со уште три лица, меѓу кои и грчката пратеничка од ЕУ, Ева Каили, се согласи да соработува со истражителите во замена за намалена казна, изјави вчера белгиски обвинител.

Тој рече дека Панцери се согласил да соработува со белгиските власти за корупцискиот скандал во замена за намалена казна.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Семејна трагедија во Милано, убиени тројца членови на едно семејство

Убиство би можело да биде причина за потонувањето на суперјахтата во Италија

Предраг Петровиќ

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес во Италија, почувствуван во БиХ и Албанија

Во верижна сообраќајка во Италија, едно лице загина, 17 се повредени

Горан Наумовски

Земјотрес во Кампанија, потресот предизвика паника во Неапол