Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон го опиша загинатиот украински министер Монастирски како херој.
„Веста за смртта на Денис Монастирски, Јевхен Џенин и Јуриј Лубкович длабоко ме шокираше. Моето сочувство до семејствата на сите жртви на оваа трагедија. Денис е вистински украински херој – во текот на минатата година предводеше со храброст “, напиша таа на Твитер.
1/2
News of the death of Denys Monastyrsky, Yevhen Yenin and Yurii Lubkovich has shocked me deeply.
My condolences to the families of all the victims of this tragedy.
Denys is a true Ukrainian hero – over the last year leading with bravery and stoicism…@EUDelegationUA— Ylva Johansson (@YlvaJohansson) January 18, 2023
„Тој беше мој пријател. Ми беше чест да работам со него минатата година. Комисијата на ЕУ и министерствата за внатрешни работи во сите 27 главни градови многу ќе ја почувствуваат оваа загуба. Ќе продолжиме со нашата работа за да им помогнеме на Украинците и Украина, во спомен на Денис. Слава на Украина“, напиша таа.