Непалските власти денеска соопштија дека нема преживеани во најсмртоносната авионска несреќа во земјата во последните 30 години, иако спасувачките екипи сè уште трагаат по останките на последниот исчезнат патник.
Спасувачките тимови вчера користеа беспилотни летала за да се спуштат во длабокиот кањон во потрага по јагленосаните остатоци на „ АТР 72“ на авиокомпанијата „Јети ерлајнс“, што се урна во неделата наутро во близина на туристичкиот град Покара, а со него се превезуваа 72 лица.
-Не е можно некој да преживеал. Досега пронајдовме 71 тело. Потрагата по последното ќе продолжи, изјави денеска Тек Бахадур К.Ц., највисок функционер на округот во Похара.
Идентификацијата на телата е отежната поради состојбата на посмртните останки, изјави Ајај К.Ц, полициски службеник кој се наоѓа на местото на спасувањето.
-Додека болничките тестови не покажат дека таму се посмртните останки на 72 лица, ќе продолжиме да го бараме последното лице, изјави Ајај К.Ц.
Тимовите за пребарување на денот на несреќата пронајдоа 68 тела, а уште две беа пронајдени во понеделникот пред да се прекине потрагата. Уште едно тело беше пронајдено во вчера доцна попладне, соопштија официјални лица.
Екипите го пренасочија токот на блиската река за да ги бараат телата, рече Гурудут Гимир, службеник кој исто така е дел од потрагата.
-Таму не остана ништо таму. Но, потрагата ќе продолжи, рече Гимир.
Спасувачките екипи во понеделникот успеаја да ги пронајдат двете црни кутии од патничкиот авион.
Податоците од една кутија што ги евидентира податоците за летот и другата што ги евидентира комуникациите во пилотската кабина со контрола на летот веројатно ќе им помогнат на иследниците да утврдат што ја предизвикало несреќата.
Бидејќи Непал нема можност да чита црни кутии, уредите ќе се испраќаат каде и да препорача производителот.
„АТР 72“ е регионален линиски патнички авион произведен во Франција. Се напојува со два турбо-пропелер мотори поставени под крилата.
Извор: МИА