Првиот извидувачки авион АВАКС слета во 90-та романска воздухопловна база во Отопени

Од:

Првиот авион со системот за воздушно предупредување и контрола на НАТО – АВАКС (Airborne Warning and Control System, AWACS) слета денеска во 90-та воздушна транспортна база во Отопени, во близина на Букурешт, пренесе БТА.

Романското Министерство за национална одбрана минатата недела објави дека авионите АВАКС од Воздушните сили за рано предупредување и контрола на НАТО, трајно со седиште во Гејленкирхен, Германија, ќе пристигнат во вторник во 90-та воздушна база во Отопени во врска со спроведувањето на мерките за зајакнување на одбранбената позиција на Алијансата во регионот на Црното Море.

Од февруари 2022 година, авионите на АВАКС вршат редовни патролни летови во Источна Европа и регионот на Балтичкото Море за следење на руските авиони во близина на границите на НАТО.

„Како одговор на илегалната агресија на Русија во Украина, НАТО го зголеми своето воздушно присуство на источното крило на Алијансата со дополнителни борбени авиони, авиони за набљудување и воздушни танкери“, соопшти романското Министерство.

Авионите АВАКС ќе вршат извидувачки и надзорни летови на територијата на земјите од НАТО.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море