Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров преку видео порака повторно му се закани на Западот и порача дека Русија никогаш нема да дозволи да губи битки. Тој додаде дека секогаш постои можност да се притисне копчето и да се каже „салам алејкум“.
Снимка од пораките на Кадиров на Твитер ја сподели Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.
„Русија е голема земја и нуклеарна земја. Русија никогаш нема да дозволи да изгуби ниту една битка, можеме да притиснеме копче и тоа ќе биде салам алејкум за сите. Како што вели нашиот претседател, дали навистина ни треба свет без Русија?
„Нека не снема сите, ние ќе одиме во рајот, а тие во пеколот“, рече Кадиров со насмевка на лицето.