Герасимовски: За помош за новороденче отсега доволно е само еден родител да биде од Општина Центар

Од:

Наместо двајцата родители, како што беше досега, отсега за остварување на правото на парична помош за новороденчиња, доволно е само едниот родител да има лична карта со постојано живеалиште во Општина Центар информираат од Општината.

– Оваа одлука за измена на Правилникот за постапка за остварување право на парична помош за новороденче во висина од 7.000 денари, која беше усвоена на последната 18-та седница на Советот на Општина Центар, значително ќе ја олесни процедурата за добивање на парична помош на родителите. Во измените се додава и правото за остварување на парична помош за новороденче и за самохраните родители. Услов за остварување на паричната помош е самохраниот родител да е со постојана адреса на живеење на територијата на Општина Центар. Со оваа активност, Општина Центар уште еднаш покажува дека се грижи за најмладите жители, давајќи им поддршка на нивните родители. На овој начин не само што се помагаат семејствата со принова, туку општината добива и евиденција за новородените деца на нејзина територија се вели во соопштението од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски