Владимир Милчин преку својот Фејсбук напиша текст посветен на меморандумот предложен од ВМРО-ДПМНЕ, испратен до останатите политички партии:
Го прочитав славниот меморандум. Не ми беше тешко зашто во него нема ништо ново. Не е нов дури ни обидот на ВМРО-ДПМНЕ да ја вовлече опозицијата во споделување на одговорноста (на невидено!) за нешто што само најтесниот врв на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го знае. Тоа може да се наѕре во точката 3.: Ќе вложат (политичките партии!) напор за постигнување на усогласени ставови или решенија во однос на надминување на предизвиците со кои се соочува Република Македонија во пристапниот процес. А во претходната точка 2., предлагачот ВМРО-ДПМНЕ предлага пол. партии да се воздржат од дејствија и активности кои можат да го попречат или негативно да влијаат на пристапниот процес!? Кој е овде луд, а кој е наивен? Или меморандумот е нова „палома“ или Груевски има голема ихтиза или се работи за „држ воду док мајстори оду“… Работата е многу проста: ВМРО-ДПМНЕ би требало да се воздржи и така да даде пример, а Груевски би можел да престане да ја поддржува еврофобијата што ја шират неговите омилени мегафони. Колку за почеток…