Кипарските власти ги преземаат сите неопходни мерки за зајакнување на безбедноста на земјата во случај на воена интервенција во Сирија, изјави денеска кипарскиот министер за правда и јавен ред, Јонас Николау, по посетата на Центарот за дејствување при вонредни ситуации во Никозија.
Николау посочи дека полицијата подготвила план за дејствување, кој ќе биде реализиран доколку се појави закана. Планот вклучува зајакната заштита на амбасадите на земјите, кои ќе ја поддржат евентуалната интервенција во Сирија, како и на објектите, кои честопати се посетувани од граѓани на арапските земји.
Министерот за правда нагласи дека полицијата ги координира своите дејствија со сите надлежни државни органи, со цел да бидат преземени ефиканси мерки во случај на наплив на бегалци од Сирија и при појава на други закани.
Николау истакна дека во моментов нема основа за загриженост во Кипар и изрази надеж дека евентуалната воена операција во Сирија нема да предизвика проблеми во Кипар.