(ВИДЕО) Поранешен платеник на Вагнер бара азил во Норвешка: Ќе сведочам за злосторствата

Од:

Поранешниот командант на групата Вагнер, Андреј Медведев, илегално ја преминал руско-норвешката граница и побарал азил во Норвешка. Тој ова го објави во интервју за рускиот Gulagu.net, а интервјуто го пренесоа бројни руски и украински медиуми.

Границата ја преминал во четвртокот, на 1.2 јануари, во близина на рускиот рударски град Никел во регионот Мурманск. Медведев наведува дека додека ја минувал границата, руските граничари го забележале и почнале да пукаат, но не успеале да го погодат.

Поранешниот платеник тврди дека кога се нашол на територијата на Норвешка, се обратил до локалните агенции за спроведување на законот и побарал политички азил. Тој вели дека моментално е во Осло, каде е сместен во центар за прекршувачи на миграциските закони.

Тој вели дека е подготвен да каже се што знае за злосторствата и активностите на групата Вагнер, како и за улогата на сопственикот на платеничката група, Евгениј Пригожин.

Медведев им се приклучил на платениците во јули минатата година. Вели дека имал договор за четири месеци, кој му бил насилно продолжен.

Медведев ја напуштил групата и се вратил во Русија. Тој контактирал со активисти за човекови права тврдејќи дека луѓето на Пригожин се обидувале да го фатат. Во интервју за The Insider во декември, Медведев зборуваше за загубите и егзекуциите во Вагнер.

„Во мојот вод имаше 15 луѓе, тоа всушност беше диверзантски вод кој одеше на борбени задачи. Во август почнаа да доаѓаат затвореници кај нас, па го формиравме 4-тиот вод. Бевме како бомбаши самоубијци. По неколку дена во водот останаа само неколку луѓе изјави за Gulag.net поранешниот член на Вагнер.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ