Полски аналитичар: Сè укажува дека Белорусија ќе се вклучи во војната, потребна е одлука

Од:

Независниот аналитичар за одбрана Конрад Музика изјави за Скај њуз дека „сè укажува на тоа дека Белорусија ќе се приклучи на војната во иднина“. Музика ги опиша белоруските вооружени сили како „еден вид мистерија“ и додаде дека редовните единици на белоруската армија од април практично без престан поминуваат обука, а неодамна ги ажурираше информациите за воените резервисти.

„Интензитетот и обемот на воената активност на белоруските вооружени сили е на највисоко ниво од крајот на Студената војна. Никогаш не сме виделе такво ниво на обука на белоруските сили. Од крајот на април тие спроведуваат обука поврзана со практично секоја воена активност што би им била потребна во случај да бидат вклучени во војната“, рече Музика.

„Тие, исто така, го тестираа својот капацитет за мобилизација, па неодамна објавија дека завршиле со ажурирање на податоците за сите воени резервисти во Белорусија“, рече тој и додаде: „Ова значи дека резервистскиот систем сега е подготвен за мобилизација. Потребна е политичка одлука за започнување на мобилизација и војна“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна