Нова гробница, веројатно онаа на сопругата на кралот од 18-та династија, која им припаѓала на фараоните Ахенатон и Тутанкамон пред 3.500 години, е пронајдена во Луксор, објавија египетските власти. Кралската гробница ја открија египетски и британски научници на западниот брег на Нил, каде се наоѓа познатата Долина на кралевите, а ископувањата продолжуваат, изјави археологот Мостафа Вазири, генерален секретар на Врховниот совет за египетски антиквитети.
Но, веќе „првите елементи откриени во гробницата се чини дека укажуваат на тоа дека таа датира од 18-та династија“, која се смета за врв и најнапреден период на древниот Египет, рече Вазири. Пирс Литерланд од Универзитетот во Кембриџ, кој е водач на тимот британски научници во таа мисија, смета дека новопронајдената гробница е изградена за „сопруга или принцеза на кралот“.
The Egyptian-British mission, joining the Supreme Council of Antiquities and the New Kingdom Research Foundation of University of #Cambridge, succeeded in uncovering a previously unknown royal tomb, during excavation work in Valley No. C in the Western Valleys of #Luxor. pic.twitter.com/oUXglKQBaQ
— Ministry of Tourism and Antiquities (@TourismandAntiq) January 15, 2023
Внатрешноста на оваа гробница е во „лоша состојба“ бидејќи „многубројни делови и натписи беа уништени од поплавите кои ги исполнија подземните простории со наслаги од песок и варовник“, вели египетскиот археолог Мохсен Камел.
Во последните месеци, Египет претстави неколку големи откритија, особено во некрополата Сакара јужно од Каиро. Оваа земја со 104 милиони жители е во тешка економска криза и смета на нови археолошки откритија кои ќе помогнат во обновувањето на туризмот, важна туристичка активност која претрпе тежок удар поради пандемијата на Ковид-19.
Секторот, кој вработува два милиони луѓе и произведува повеќе од 10 отсто од БДП, навистина не закрепна од Арапската пролет во 2011 година. Каиро со месеци ветуваше отворање на „Големиот египетски музеј“ во Гиза, но датумот на отворањето се уште не е објавен.
Многумина предвидуваа дека тоа ќе се случи во 2022 година, на 200-годишнината од откривањето на каменот од Розета, благодарение на што Жан-Франсоа Шамполион го дешифрираше пишувањето на древниот Египет и стогодишнината од откривањето на гробницата на момчето фараон Тутанкамон.