Вучиќ: Волкот не ги губи соништата поради мислењето на овцата

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска истакна дека и покрај сите притисоци, земјата „се уште опстојува и напредува“.

Вучиќ за Србија рече дека „тоа е мала слободарска земја во срцето на Европа“.

„Секој ден велат дека мораме да направиме нешто за Косово и Метохија, мораме да направиме нешто за санкциите против Русија, мораме да се откажеме од поддршката за нашиот народ во Република Српска и покрај се, оваа мала слободарска земја во срцето на Европа продолжува да опстојува и да напредува…“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Заедно со оваа објава објави и слика од волк со зборовите „Волкот не ги губи соништата поради мислењето на овцата“.

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

(ВИДЕО) Вучиќ: Вчера над Ваљево леташе балон или шпионски дрон, следниот пат ќе го собориме

Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“

(ВИДЕО) Вучиќ и Орбан одговараа на ТикТок: Ќебапи или гулаш

Катерина Ѓуровски