Го одвртеле вентилот на резервоарот со амонијак и побегнале: 20 лица завршија во болница во Панчево

Од:

Поради несреќата во Панчево, уапсен е сопственикот на фирмата „Сага“, како и возачот на цистерната од која синоќа истече амонијак во населбата Топола.

Основното јавно обвинителство од Панчево во соработка со ПУ Панчево го лиши од слобода С.К. (33) и Н.Б.(36) двајцата од Панчево поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела предизвикување општа опасност и оштетување на животната средина бидејќи С.К. како сопственик и одговорно лице на фирмата „Сага“ и Н.Б. како возач на цистерна на која истекувал амонијак предизвикале опасност по животот на луѓето поради одвртување на вентилот на резервоарот и побегнале, при што 20 лица се хоспитализирани во ОБ Панчево.

По извршениот увид, на кој присуствуваа Покраинскиот и републичкиот инспектор за заштита на животната средина, републичкиот инспектор за транспорт на опасни материи, инспекторот за заштита при работа, Полициската управа во Панчево и дежурниот заменик од Панчево, и утврдувањето на сите релевантни факти поврзани со критичниот настан одредиле мерка притвор за С.К. и Н.Б. во траење од 48 часа.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски