Вучиќ: Каква било форма на признавање на Косово или отстапка за членство во ОН се нашите црвени линии

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека му пренел на советникот на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, дека секоја форма на формално или неформално признавање на независноста или отстапка за членство на Косово во ОН се „црвени линии“ кои Белград нема да ги помине.

Вучиќ рече дека со американскиот дипломат вчера во Белград разговарал за т.н германско-француски план за Косово, пренесе Бета.

„Ние укажавме на се она што веќе им го доставивме на авторите на тоа писмо во нашиот нон-пејпер, кои се нашите црвени линии. За која било форма на формално или неформално признавање на независноста или отстапување членство во ОН, ние не сакаме и не можеме да разговараме и тоа е составен дел од тој план. Можеме да зборуваме за се друго“, изјави Вучиќ во Белград.

Тој додаде дека е благодарен што американската администрација сега инсистира на имплементација на Бриселскиот договор, вклучително и формирање на Заедницата на српските општини, но и оцени дека „невозможно е да се постигне напредок доколку некој постојано се повикува на нивните сопствени правни акти“.

Вучиќ оцени и дека прашањето како треба да изгледа Заедницата на српските општини „првенствено“ се однесува на Србите.

„Добро е што сега е јасно дека ЗСО мора да се формира“, рече српскиот претседател.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Фицо: Словачка никогаш нема да ја изневери Србија по прашањето за Косово

Вучиќ: За прв пат во историјата на Србија, двајца министри поднесоа оставки

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово