Маљар: Жестока ноќ во Соледар, борбите продолжуваат

Од:

Украинските сили издржаа ноќни жестоки борби во Соледар, соопшти заменик-министерот за одбрана на земјата Хана Маљар.

„Непријателот ги фрли речиси сите свои сили во регионот на Доњецк и продолжува со офанзива со висок интензитет.

Нашите храбри борци се обидуваат да ја задржат линијата на одбраната“, напиша Маљар на Телеграм.

Маљар додаде дека ова е „тешка фаза од војната“, во која Украина „несомнено ќе победи“, пренесува Ројтерс.

Според руски извори, Соледар е веќе освоен, а руските сили продолжуваат со нападите во правец на Артемовск.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски