Бегството на затвореникот од „Идризово” се случило пред полноќ. Четворица затворски полицајци го спроведувале во болница, потврдуваат од МВР. Во пријавата стои дека на автопат се случувала целата драма. Било пукано со пиштолот на полицаецот, откако му бил одземен.
“Вработените во затворска полиција кои биле со комбе „форд транзит“ на затворската полиција побарале помош од полициски службеници на СВР Скопје, откако, според нивната пријава, додека вршеле спровод на осуденик Б.М. , од КПУ „Идризово“ кон Ургентен центар „Мајка Тереза“, на автопатот, осуденикот му го одзел пиштолот на возачот И.Х. (вработен во затворска полиција), пукал и го ранил И.Х.. Потоа осуденикот избегал со патничко возило „ауди“, велат од МВР за А1он.
Повредениот вработен во затворската полиција е пренесен во Ургентен центар за укажување лекарска помош.
“Се преземаат мерки за расчистување на случајот”, додаваат од МВР.