Лиза Мари Присли (54), единствената ќерка на Елвис Присли, почина на 54-годишна возраст откако доживеа срцев удар.
– Со тешко срце морам да ја споделам погубната вест дека нè остави мојата прекрасна ќерка Лиза Мари – изјави нејзината мајка Присила Присли.
Лиза Мари беше итно хоспитализирана откако доживеа „целосен срцев удар“. Таа неколку часа беше во вештачка кома и во тешка состојба, пишува TMZ.
Нејзината мајка Присила била видена како пристигнува во болницата Вест Хилс во Лос Анџелес за да биде покрај нејзината ќерка.
Како што пренесуваат медиумите, изворите навеле дека Лиза во спалната соба ја пронашла куќната помошничка во бессознание и дека нејзиниот поранешен сопруг со кој живее, и давал вештачко дишење до доаѓањето на Брзата помош.
Изворот додаде дека „барем еднаш некој администрирал епинефрин, попознат како адреналин, на местото на настанот за да и помогне на Лиза Мари да си го врати пулсот“.
Лиза Мари последен пат беше видена на Златните глобуси во вторникот вечерта, каде што таа и нејзината мајка Присила го гледаа Остин Батлер како победи за неговиот портрет на Елвис Присли во истоимениот филм за кралот на рокенролот и нејзиниот татко.
Таа се бореше и со загубата на нејзиниот син Беџамин, кој изврши самоубиство во 2020 година. Нејзината ќерка е актерката Рајли Кијо.