Гувернерот на Доњецк: Русите маршираа по телата на сопствените војници

Од:

Регионалниот гувернер на Доњецк Павло Кириленко сподели вознемирувачки детали за ситуацијата на теренот. Претходно медиумите објавија дека Украина тврди дека во битката за Соледар во последните 24 часа загинале над 100 руски војници.

„Русите буквално маршираа по телата на сопствените војници, изгореа сè што им беше на патот“, рече тој, додавајќи дека руските сили изминатиот ден гранатирале десетина градови и села во регионот.

Руските сили користат минофрлачи и ракети за да го бомбардираат Соледар во офанзива, борејќи се за пробив во 11-месечната војна.

„Цивилите се обидуваат да преживеат среде ова крвопролевање додека Русите продолжуваат со своите напади“, рече Кириленко.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски