(ВИДЕО) Зеленски: Терористичката држава се обидува да измами дека го освоила Соледар

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека продолжуваат борбите во Соледар, град во источна Украина за кој платеничката група Вагнер тврди дека го освоила и дека одбранбената линија во областа „се држи“.

„Терористичката држава и нејзините пропагандисти се обидуваат да се преправаат дека го освоиле Соледар, но борбите продолжуваат“, рече Зеленски во своето секојдневно обраќање.

„Правиме се за да ја зајакнеме одбраната на Украина без никаков прекин, ниту еден ден во источниот регион Доњецк, каде што се одржува одбранбената линија“, рече тој.

Генералштабот во Киев исто така објави дека борбите за Соледар продолжуваат. Руската армија сака да го стави под своја контрола целиот регион Доњецк со напад на Бахмут и прекинување на патиштата за снабдување на соседен Соледар, соопшти денеска украинската воена команда во Киев.

„Борбите продолжуваат“, се вели во соопштението. Претходно, портпаролот на источната група на украинската армија, Сергиј Черевати, ги негираше руските информации дека градот бил заземен.

Судбината на Соледар е неизвесна бидејќи за неа има спротивставени тврдења од украинската и руската страна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски