Во тешка сообраќајка вчера кај Враца загина 3-годишно дете, а подоцна неговите блиски се посомневале дека лекарката која со првата брза помош пристигнала на местото на несреќата била пијана.
Нивните сомнежи се покажале точни – медицинското лице било позитивно на тестот за алкохол, пренесува БНТ. Од полицијата потврдија дека примерокот е земен со дрегер.
Раководството на Ургентниот центар во градот е запознаено со резултатите.
Се чекаат и резултатите од обдукцијата на 3-годишното дете, кои ќе разјаснат каде настапила смртта и дали било можно да биде спасено од медицинските лица, како што тврдат роднините на семејството.
„ Резултатот е позитивен на алкохол во крвта и раководството на Ургентниот центар е запознаено со него. Детали ќе дознаете од ургентниот центар“, изјави Красимир Василев – портпарол на ОДМВР, Враца.
„Веста не шокираше. Никогаш не очекував вакво нешто од д-р Димова. Имало известување од Сектор за внатрешни работи-Враца дека одбила да даде примерок. Примерокот беше позитивен. Ќе пристапам кон оваа информација со сета законска строгост.Д-р Димова ќе добие отказ“, изјави д-р Галина Лештарска-директор на ЦСМП, Враца.