ВМРО-ДПМНЕ: Tеглите загаден воздух со кои СДС како опозиција протестираше нека ги извадат од подрумите и остават пред нивната влада

Од:

Теглите со кои СДС како опозиција протестираше пред владата нека ги извадат од подрумите и остават пред нивната влада која не мрда со прст за справување со загадениот воздух, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека мерките кои СДСМ ги предложила за големото загадување на воздухот во Скопје се гол популизами и шминка.

„Барањето на СДС на вондредна седница на Советот е замајување на јавноста, дека нешто предлагаат. СДС забораваат дека веќе седум години се власт во државата, а за животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот со прст немаат мрднато. Итно е потребна владина стратегија за справување со загадениот воздух и институционална мобилизација. Веднаш се потребни итни владини мерки.

Без ниту еден капитален проект, ниту еден денар од енормно големите буџети потрошени за поквалитетен живот на граѓаните. Наместо да ја замајуваат јавноста, СДС нека и наредат на Арсовска, на тајните средби кои ги има со Ковачевски, нека почне да си ја работи работата за која е избрана. Арсовска и СДС додека кројат планови како да наместат некој тендер повеќе во ЈСП, нека му наредат на директорот на ЈСП од редовите на СДС да пушти во функција повеќе градски автобуси во редовните линии“ се вели во партиското соопштение.

Додека советниците на СДС тераат циркус и гол популизам скопјани се гушат, а Арсовска, СДС, ДУИ и Левица си ги полнат џебовите, обвинуваат од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ