Бразилските власти ослободија речиси 600 лица приведени за време на упадот во административните згради

Од:

Бразилската полиција од хуманитарни причини ослободи речиси 600 лица приведени по упадот во административните згради во престолнината во неделата, додека 527 осомничени се префрлени во локален затвор.

Федералната полиција појасни дека 599 лица се ослободени од хуманитарни причини, особено постари лица, лица со здравствени проблеми или мајки со мали деца. Останатите приведени се однесени во затворот „Папуда“. Полицијата ги демантираше информациите дека еден од приведените починал.

Властите пријавија вкупно околу 1.500 уапсени за време на рацијата во неделата. Тогаш приврзаниците на поранешниот претседател Жаир Болсонаро ги нападнаа зградите на претседателството, Врховниот суд и Конгресот. Меѓу приведените има и луѓе кои учествувале во нападот, како и приврзаници на Болсонаро, кои поставија камп пред главниот штаб на бразилските вооружени сили.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск