Денеска на Граничниот премин Табановце е приведен Драган Даравелски, кој се бараше со меѓународна потерница, извести МВР.
Тој ќе биде пренесен во надлежната казнено поправна установа, додаваат од МВР.
Драган Даравелски е поранешен директор на Царинската управа. Тој во 2007 година беше осуден во отсуство на седум години затвор.
Тој е осуден со правосилна судска пресуда дека додека бил директор на Царинската управа ја злупотребил службената положба и сторил финасики малверзации со кои го оштетил буџетот.
Даравелски во 2016 година беше уапсен во Белград, но не беше екстрадиран.