Македонски народен театар известува дека на ден 12 јануари, четврток во 12 часот во објектот на театарот ќе се одржи отворена комеморација во чест на актерката Катерина Крстева (1941 – 2023), на која семејството, блиските пријатели и познаници ќе ѝ оддадат почит.
– Во спомен на Кате – актерка со ведар дух која беше дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија, за последен пат ќе ги споделиме сеќавањата за неа, велат од Македонски народен театар.