На Столтенберг му е врачена наградата за одбрана на демократските вредности

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави денеска во Осло, каде што му беше врачена годишната награда „Сонстеби“, дека Алијансата мора да спречи војната на Русија против Украина да прерасне во голема војна во Европа.

Прифаќајќи ја наградата, која им се доделува на „храбрите бранители на основните демократски вредности“, Столтенберг рече дека украинскиот народ е „подложен на огромни страдања“ и дека мирот во Европа е „повторно загрозен“, соопшти НАТО.

– Мораме да спречиме војната да се прошири во голема војна на нашиот континент. Затоа НАТО распореди дополнителни сили, ја зголеми подготвеноста и троши повеќе пари за одбрана од порано. Не за да предизвика конфликт, туку за да спречи војна и да обезбеди мир, рече Столтенберг при примањето на наградата, именувана по најодликуваниот воен херој на Норвешка, Гунар Сонстеби.

Столтенберг изјави дека наградата претставува „пред се признание на НАТО, илјадници жени и мажи во униформа кои се секогаш на должност“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море