Претседателот на Бразил и претседателите на Конгресот и Врховниот суд го осудија упадот во институциите

Од:

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва и претседателите на Конгресот и Врховниот суд денеска го оценија како „терористички чин“ упадот на приврзаниците на екстремната десница во државните институции во Бразил.

Тие во заедничка изјава наведоа дека ќе ја бранат демократијата.

– Владата, гарант на демократијата и Уставот од 1988 година, ги отфрла актите на тероризам, вандализам на криминалците и пучистите, што се случија вчера во Бразилија, се вели во заедничката изјава.

Поддржувачите на поранешниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро вчера упаднаа во Конгресот, претседателската палата и Врховниот суд.

Демонстрантите протестираа против враќањето на власт на левичарскиот претседател, кој го победи Болсонаро во вториот круг од 30 октомври.

Болсонаро ја напушти земјата два дена пред крајот на неговиот мандат, бојкотирајќи ја инаугурацијата. Се наоѓа во американската држава Флорида. Лула беше претседател на Бразил во два мандати (2003-2010).

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск