Новоизбраниот бразилски претседател Луис Инасио Лула да Силва се огласи на Твитер за нападот на бразилскиот конгрес, Врховниот суд и претседателската палата.
Vocês devem ter acompanhado a barbárie em Brasília hoje. Aquelas pessoas que chamamos de fascistas, o que há de mais abominável na política, invadiram a sede do palácio e o Congresso. Achamos que houve falta de segurança.
— Lula (@LulaOficial) January 8, 2023
„Сигурно сте го следеле варварството во Бразилија денес. Тие луѓе, кои ние ги нарекуваме фашисти, најодвратното нешто во политиката, ја нападнаа палатата и конгресот. Мислиме дека недостасуваше сигурност“.
Quem fez isso será encontrado e punido. A democracia garante o direito de livre expressão, mas também exige que as pessoas respeitem as instituições. Não tem precedente na história do país o que fizeram hoje. Por isso devem ser punidos.
— Lula (@LulaOficial) January 8, 2023
„Кој и да го направи ова, ќе го најдеме и ќе го казниме. Демократијата го гарантира правото на слободно изразување, но исто така бара од луѓето да ги почитуваат институциите. Ова што го направија денеска нема преседан во историјата на државата. За тоа мора да бидат казнети“, напиша Лула.
„А кои се финансиери на тие што денеска отидоа во Бразилија, ќе дознаеме и сите ќе платат според законот“, додаде тој.