Руското Министерство за одбрана објави дека Украина по преговорите вратила 50 заробени руски војници, пренесе Ројтерс.
Се додава дека ослободените војници ќе заминат во Москва на медицинска и психолошка рехабилитација.
„Како резултат на преговорите, 50 руски војници, кои беа во заробеништво во смртна опасност, се вратија од територијата под контрола на режимот во Киев на 8 јануари“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.
Украина ја потврди оваа информација, додавајќи дека како дел од истиот договор, 50 украински војници се ослободени од руско заробеништво.