Земјотрес почуствуван во Скопје

Од:

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, e регистриран земјотрес чии епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 16.51 часот со Рихтерова локална магнитуда ML2,8 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Скопје и околината.

Според првичните информации објавени на сајтот на Европско медитерански сеимозлошки центар (ЕМСЦ), земјотресот е со епицентар на границата меѓу Македонја, Косово и Србија.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Земјотрес по земјотрес: 6,8, па 6,5 степени

Силен земјотрес ја погоди БиХ, потресите се почувствуваа во близина на Ливно

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

Силен земјотрес ја погоди Боливија