Шефот на Вагнер сака контрола над рудник кај Бахмут сметаат САД

Од:

Соединетите Држави веруваат дека сојузникот на рускиот претседател Владимир Путин, Евгениј Пригожин, основач на најмоќната руска платеничка група, е заинтересиран да ја преземе контролата врз солта и гипсот од рудниците во близина на украинскиот град Бахмут, изјави претставник на Белата куќа.

Постојат индикации дека финансиските мотиви ја поттикнуваат Русија и „опсесијата“ на Пригожин со Бахмут, додаде функционерот.

Пригожин е сопственик на приватната руска воена компанија Вагнер Груп.

Соединетите Американски Држави претходно ги обвинија руските платеници за експлоатација на природните ресурси во Централноафриканската Република, Мали, Судан и на други места за да помогнат во финансирањето на војната на Москва во Украина, што Русија го отфрли како „антируски бес“.

Белата куќа кон крајот на минатиот месец соопшти дека групата Вагнер ја презела испораката на оружје од Северна Кореја за да помогне во зајакнувањето на руските сили во Украина, што е знак за проширување на улогата на групата во конфликтот.

Би можело да ве интересира

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

Мудрик: Ќе играм на Европското првенство, додека моето семејство дење и ноќе се соочува со руски проектили

Предраг Петровиќ

Русија ги претстави „змејовите“-новите фрлачи на пламен

Предраг Петровиќ

Сиљановска Давкова од Конференцијата за Украина: Потребен е нов Маршалов план

Украинците бегаат во Унгарија

ВИДЕО: Погодени рафинерија и складиште за нафта во Русија

Катерина Ѓуровски