Воз удрил во патничко такси комбе полно со патници од Чашка на преминот кај фабриката „Порцеланка“ во Велес, а во несреќата со повреди се здобиле десет патници кои биле пренесени во велешката болница.
„Денеска (05.01.2023) во 12.01 часот во СВР Велес било пријавено дека на железничкиот премин кај фабриката Порцеланка во Велес се случила железничка незгода помеѓу воз на Македонски Железници и такси возило – комбе „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија од Чашка, а управувано од Д.Ј.(52) од Чашка. Во незгодата со повреди се здобиле 10 патници кои биле пренесени во Општа болница Велес за укажување лекарска помош. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес“, рекоа од МВР за „А1он“.