Патниците кои доаѓаат од Кина ќе мора да прикажат негативни тестови за Ковид пред да влезат во Шведска, одлучи шведската влада.
„Утринава шведската влада одлучи да воведе привремени ограничувања за влез од Кина во Шведска“, изјави денеска министерот за здравство Јакоб Форшмед.
Групата за интегрирана политичка реакција на Европската унија вчера препорача земјите-членки да воведат слични ограничувања.
Извор:МИА