Климатски активисти во Париз ја испрскаа со спреј портата на кабинетот на премиерот

Од:

Двајца климатски активисти со спреј ја испрскаа влезната капија на кабинетот на францускиот премиер во знак на протест бидејќи, како што наведоа, државата не ги исполнила обврските во борбата против климатските промени.

Активистите носеа маици со слоганот „Кој е виновен?“.

Акцијата беше спроведена како дел од кампањата на еколошката група „Последна обнова“. Полицијата ги уапси двајцата активисти.

Инцидентот се случи додека претседателот Емануел Макрон претседаваше со состанокот на владата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ

Макрон: Треба да изградиме Европа која ќе биде одбранбена и способна

Макрон: Нетанјаху да се придржува до одлуките на ОН, телото што го создаде Израел

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

Макрон го повика Израел да престане да ескалира, а Хезболах да ги прекине непријателствата

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат