Владата на Бразил со осуда за американското шпионирање на претседателката Русеф

Од:

Бразилската Влада упати осуда до американските власти за програмата за следење комуникации, за која беше соопштено дека директно ја шпионирала бразилската претседателка Дилма Русеф. Таа ја оквалификува програмата како „неприфатливо кршење“ на суверенитетот и повика за меѓународни правила за заштита на граѓаните и владите од кибер-шпионажа.

Според локални медиуми, Русеф најверојатно ќе ја откаже посетата на САД во октомври. Бразилското МНР го повика американскиот амбасадор Томас Шанан при што побара брзо писмено објаснување од Белата куќа во врска со тврдењата за шпионажа.

Министерот за надворешни работи Луис Алберту Фигејреду изјави дека Бразил има намера да разговара со партнерите од БРИКС за можни заеднички акции за заштита од американската електронска шпионажа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск