Температурите за јануари достигнаа највисоко ниво во историјата во голем број европски држави. Националните рекорди паднаа во осум земји – а регионалните рекорди во други три.
Варшава забележа 18,9 Целзиусови степени во неделата, додека во Билбао во Шпанија, беше 25,1 Целзиусови степени – повеќе од 10 Целзиусови над просекот.
Благото европско време доаѓа додека Северна Америка се соочува со посериозни бури, неколку дена по смртоносниот зимски студ во кој загинаа повеќе од 60.
Силен снег и замрзнат дожд се прогнозирани за делови од северниот дел на средниот запад, додека силни грмотевици и торнада се очекуваат во Тексас, Оклахома, Арканзас и Луизијана.
Но, на европската страна на Атлантикот, на почетокот на годината времето е благо на многу места.
Температурите во Холандија, Лихтенштајн, Литванија, Летонија, Чешка, Полска, Данска и Белорусија ги соборија националните рекорди.
Рекордите на станиците беа соборени во Германија, Франција и Украина.