Во Приштина се уапсени 10 лица поради поседување наркотици и оружје, соопшти полицијата.
Според одлуката на обвинителството, на четворица осомничени им е одредена мерка притвор, а останатите се пуштени во редовна постапка, јавуваат Репортери.
Во акцијата што беше спроведена вчера, извршен е претрес на една куќа и пет автомобили при што се пронајдени 96,6 грама марихуана, 44,4 грама кокаин, пари, огнено оружје, муниција, мобилни телефони и дигитална вага.