Минималната плата во Бугарија од денеска изнесува 780 лева (390 евра), јави дописникот на МИА од Софија. Одлуката е донесена на последната седница на службената влада на Бугарија на 29 декември.
Зголемувањето на минималната плата ќе го чини бугарскиот буџет нешто повеќе од 300 милиони лева (150 милиони евра).
Вињетите и патарините во Бугарија поевтинуваат за 10 проценти. Сите видови електронски вињети за патни возила се поевтини за речиси 10 отсто. Така, годишната вињета ќе чини 87 лева (Е43), тримесечната ќе биде 48 лева (24 лева), за еден месец ќе биде 27 лева (е14), неделникот ќе биде 13 лева (6,5 лева), а за викенд ќе изнесува 9 лева или (4,5 Е). Приходите од патарините во Бугарија на крајот на ноември 2022 година се близу 511 милиони лева (256 милиони евра).
Бугарската агенција „Патна инфраструктура“ соопшти дека очекува да добие 800 милиони лева (400 милиони евра) од продажбата на вињети во 2023 година.
Големината на фискалната резерва на Бугарија заклучно со 30.11.2022 година изнесува 12,8 милијарди лева (6,5 милијарди евра), а уплатила свој придонес во буџетот на ЕУ од 1.677,7 милиони лева (800 милиони евра).
Извор: МИА