Музиката го зајакнува срцето

Од:

Слушањето музика може да помогне во заздравувањето на пациентите со срцеви болести, покажуваат резултатите од истражувањето на научниците од Универзитетот во Ниш.

Имено, кога луѓето ја слушаат омилената музика, во мозокот се лачи хормонот ендорфин, кој го подобрува здравјето на срцето.

Научниците откриле дека музиката без текст е најдобра, бидејќи зборовите некогаш можат да го вознемират слушателот.

Во истражувањето учествуваче 74 пациенти, кои биле поделени во три групи. Едната одела само на вежби во текот на три недели, втората исто така вежбала но слушала и музика по половина час секој ден, а третата слушала музика но не вежбала.

На крајот од тринеделниот период учесниците биле повторно тестирани, а експертите кај оние пациенти кои вежбале и слушале музика забележале значителни подобрувања.

Срцевата функција и кондицијата кај нив биле зголемени просечно за 39 отсто.

За разлика од нив, групата која вежбала а не слушала музика, ја подобрила кондицијата за 29 отсто.

Она што ги изненадило научниците е што лицата кои слушале музика, а не вежбале, исто така ја подобриле кондицијата и тоа за 19 проценти.

Шефот на истражувачкиот тим Марина Дељанин смета дека „комбинацијата од музика и вежбање доведува до подобрување на работата на срцето, а со тоа и на кондицијата“.

– Слушањето на омилената музика во комбинација со тренинг може да биде дополнителна рехабилитација за пациентите со коронарно артериска болест, истакнува Дељанин.

Откритијата од ова истражување биле претставени на годишниот конгрес на Европското здружение на кардиолози во Амстердам.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска