Кај дилер од Влае најдена голема количина на дрога

Од:

Вчера (31.12.2022) во акција на полицијата со обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд, извршен е претрес во стан на Љ.Г. (22) во скопската населба Влае.

При претресот пронајдени се две поголеми пакувања со околу 350 грама амфетамин, дигитална вага, половина килограм марихуана, 333 парчиња екстази и предмети за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога.

Претходно Љ.Г. е лишен од слобода и спроведен во полициска станица и до надлежното обвинителство ОЈО Скопје против него ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело, а во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Според добиените информации, пронајдената дрога требало да биде продадена и дистрибуирана на други дилери и уживатели за новогодишната ноќ.

Би можело да ве интересира

Голтна кеса со дрога додека бегаше од полицијата

А1он

Членови на „Балкански картел“ се уапсени во операцијата „Пајак“: Полицијата пронајде 4,5 тони кокаин

Градинката каде што беше пронајден шприцот: Само едно дете има гребнатинка, можно е од гранка од оградата

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

Моќниот Пабло Делгадиљо наредил егзекуција на струмичанецот Дејанчо Лазаревски

Тошковски вели дека во Македонија дрогата и нелегалното оружје немаат иднина

Горан Наумовски