Нема напредок во израелско-палестинските мировни преговори

Од:

Средбите меѓу израелските и палестинските пртеговарачи што се одржаа изминатов викенд, не доведоа до напредок во мировните преговори, соопшти денеска неименуван претставник на Палестинската автономна управа.

Средбите меѓу преговарачите изминатиов викенд се одржаа во рамките на четвртиот круг мировни преговори меѓу Изџраел и Палестинците.

Истиот извор најави дека е можно утре да се одржи нов круг на преговори, нагласувајќи дека Израел „не е подготвен да направи никакви отстапки“ што би довело да договор во блиска иднина.

Израелско-палестинските мировни преговори по тригодишен прекин беа возобновени кон крајот на јули. По ова, во текот на август се одржаа уште две рунди од преговорите.

Претходните мировни прегооври беа прекинати во септември 2010 година, откако Израел донесе одлука за изградба на нови еврејски доселенички населби на Западниот Брег.

Би можело да ве интересира

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија