Кипар одобри екстрадиција на поранешниот министер за внатрешни работи Михајлидис во Грција

Од:

Кипарски суд денеска одобри екстрадиција на поранешниот министер за внатрешни работи на Кипар, Динос Михајлидис во Грција, каде терба да биде сослушан во рамки на судскиот процес против поранешниот грчки министер за одбрана Акис Цохаѕопулос.

Со денешната судска одлука, Михајлидис стана првиот актуелен или поранешен кипарски министер кого Никозија ќе го екстардира на друга држава.

Грчките правосудни органи го товарат Цохаѕопулос за корупција и за перење пари при склучување на заделки за набавка на оржује за потребите на Вооружените сили на Грција.

Атина се сомнева дека Михајлидис и неговиот син Михалис помагале при префрлањето на дел од парите кои се претпоставува дека Цохаѕопулос ги добил како поткуп.

По барање на Грција, која распиша и европска потерница, таткото и синот Михајлидис беа уапсени во јули годинава. Тие ги отфрлаат обвиненијата на грчките власти.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ