Скопјанец предизвикал пожар во домот „Ранка Милановиќ“

Од:

Полицијата денеска извести дека синоќа околу 23 часот на улицата „Перо Наков“ во Скопје е уапсен Д.А.(56) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека во домот „Ранка Милановиќ“ во Скопје, каде престојувал, предизвикал пожар, при што бил опожарен дел од објектот.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Голем пожар избувна во Радовиш – горат погони и машини во поранешен „Декортекс“

А1он

Французинка повредена во пожарот во Кран-Монтана бара отштета од 8,2 милиони евра

Горат најмалку три сплавови на Ада Циганлија во Белград

Градоначалникот предупреди на загаден воздух по пожарот во Радовиш

(ВИДЕО) Пожар во Москва, гори позната туристичка атракција

Најмалку осум лица загинаа во пожар во трговски центар во Техеран