Анкета: На новите парламентарни избори во Бугарија би победиле шест партии

Од:

Резултатите од анкетата на агенцијата Маркет Линкс и на БТВ првпат покажуваат намалување на поддршката за претседателот на Бугарија, Румен Радев, јави дописникот на МИА од Софија.

Според најновата анкета Радев има поддршка од 40 отсто, а 41 процент од испитаниците изразиле недоверба.

Анкетата покажува дека на новите парламентарни избори би победиле шест партии, а „Бугарски подем“ може да испадне од сегашната конфигурација.

Според резултатите во случај на нови парламентарни избори во бугарското Народно собрание би влегле само шест партии: ГЕРБ – СДС со 22,6 отсто, потоа Продолжуваме со промената 16,2, Движењето за права и слободи. 12,2, Преродба со 10, БСП 9,6 и Демократска Бугарија 8,3 проценти.

Партијата на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев Бугарски подем може да добие гласови од 2,6 отсто и со овие резултати би останала под прагот од четири отсто за влез во Парламентот. Исто така Има таков народ на нови избори би добил 2,2 отсто од гласовите.

Анкетата беше спроведена во периодот од 10 до 20 декември со помош на методите на директно лично интервју и онлајн анкета.

Би можело да ве интересира

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски