Мицкоски: Охрбрени сме што има пратеници од власта што праќаат сигнали дека треба да му се стави крај на ова владеење

Од:

За мене најважно е оваа влада да биде поразена на избори, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според претседателот Мицкоски примарно прашање е што побрзо да има предвремени парламентарни избори се со цел владата на ДУИ поддржана од СДСМ да си замине.

-Примарно прашање е час поскоро предвремени парламентарни избори и владата на ДУИ поддржана од СДСМ да си замине. Јас сум охрабрен од сигналите на тие луѓе кои сакаат да видат како Македонија оди напред. За жал во своите редови тоа не го гледаат. Јас ве молам да ме разберете не можам да зборувам за повеќе детали, имајќи го предвид фактот дека имаме комплетно „дуизирано“ судство и обвинителство кои заедно со органите на прогон ќе вршат притисок врз тие луѓе, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека не навлегува во договорите на СДСМ и ДУИ, но доколку се оди според законот, тогаш премиер последните месеци во техничка влада треба да биде од редовите на најголемата владејачка партија, а тоа е СДСМ.

Не навлегувам во договорите кои што ги има ова парламентарно мнозинство пред да се случи оваа влада која беше избрана 2020 година. но, законот е јасен. Законот вели дека мандатарот на техничка влада го предлага владејачката најголема партија, сега ако СДСМ и Ковачевски одлучат да го отстапат тоа место на ДУИ тоа е негова работа и тука не можам да се мешам, ниту пак имам бројки за да се мешам, бидејќи тоа е негова одлука, не е моја одлука. Ако го читаме законот премиер треба да биде од редовите на најголемата владејачка партија, во случајот тоа е СДСМ. Дали тоа така ќе биде и што ќе се помеѓу нив, јас не знам. Но, тоа е секундарно прашање, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

Антимон од рудник во кривопланечко ќе се извезува во САД, најави премиерот

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги информиравме сојузниците во НАТО и ЕУ за обид за дестабилизација од опозицијата на протестот на студентите

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

Мицкоски: Македонија е отворена за инвестиции и партнерства, нуди поволни услови и квалификувана работна сила

А1он

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот